Одбојката е една од постарите спортски игри.Настанала пред кошарката и ракометот. Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул. Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
![]() |
Одбојка во сала |
| Одбојка на песок |
Одбојката во сала е колективен спорт кој го играат две екипи составени од по 6 играчи.
Одбојката на песок е исто така колективен спорт кој се игра на песок составен од 2 екипи составени од 2 играчи.
За разлика од одбојката во сала одбојката на песок е многу по специфична и потешка за играње.
Правила и прописи
Полето за игра е
правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите
страни е широка најмалку три метри. Слободниот простор за игра е просторот над
теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра
мора да биде висок најмалку седум метри мерено од површината на теренот.
Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со
мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта. Целта на
играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле,
а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има
право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот) Топката се
уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на
серверот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени,
оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката
екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на
прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а
играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на
стрелките на часовникот.
![]() |
| Димензии на одбојкарски терен |
Техники во одбојката
- Одбивање со прсти
При одбивањето (додавање) на топка со прсти, нозете се во расчекорен став, малку свиени во колената , едната нога е во мал расчекор. Телото е малку поднаведнатао кон напред. Рацете се високо подигнати и се во висина на челото, свиени во лактовите кои не се ни широко отворени и вовлечени. Дланките се на растојание од главата (челото) на околу 20 см. Прстите се раширени и благо повлечени нанапред.
При одбивањето (додавањето) најголемиот терет го носи показалецот, средниот прст и палецот, потоа до малиот и малиот прст. Топката не треба да паѓа на дланките.При контактот на прстите со топката,се реализира истегање на поголем дел од телото нозете,телото,рацете,дланките, прстите.Додавањето (одбивањето) на топката со прсти е основен начин на додавање во одбојкарската игра. Играчот мора да тежи кон одбивањето на топка со прсти, а тоа е да тежи да стане додавање и со тоа секој играч ке ја има топката во играта.
При одбивањето со подлактица, положбата на нозете и телото кај овој вид на одбивање е ист како и кај одбивањето со прсти со две раце. Можеби расчекорот е малку поширок. Рацете се спуштени и потполни испружени, а дланките свиени така да создаваат една целина. Прифакањето на топката се прати со целото тело. Овој вид на одбивање се применува во најголем број на случаеви кога имаме прием на сервисот. Денешната современа одбојка овој вид на одбивање на топка го прифаќа како основен начин на одбивање и се користи во игра во повеќе од 90 % на ситуации. Иако изгледа едноставно тој е најтежок елемент затоа што покрај добрата и правлна техника, потреб на е и голема концентрација, чуствување на просторот, смиреност, прецизност и брзина.
При прием на топка се појавува и одбивање со обичен чекан во паѓање.Обивањето е во тоа што топката ниско паѓа и ученикот мора да направи голем исчекор кон топката во лево или во десно во зависност од каде доага топката. Едната нога на ученикот е свиткана во коленото, а другата е испружена. После одбивањето на топката ученикот преминува во фаза на повалка, а потоа во колут назад. Кај овој елемент главата е секогаш ниско под топката, а и телото е многу ниско. Овој елемент е многу често користен во одбојкарската игра.
- Одбивање со подлактица(чекан)

| Одбивање на топката со чекан |
При прием на топка се појавува и одбивање со обичен чекан во паѓање.Обивањето е во тоа што топката ниско паѓа и ученикот мора да направи голем исчекор кон топката во лево или во десно во зависност од каде доага топката. Едната нога на ученикот е свиткана во коленото, а другата е испружена. После одбивањето на топката ученикот преминува во фаза на повалка, а потоа во колут назад. Кај овој елемент главата е секогаш ниско под топката, а и телото е многу ниско. Овој елемент е многу често користен во одбојкарската игра.

Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.
ReplyDelete